• недела, 22 декември 2024

Јувентус и ПСЖ ги договараат конечните детали за трансферот на Икарди

Јувентус и ПСЖ ги договараат конечните детали за трансферот на Икарди
Рим, 30 август 2021 (МИА) – Пари Сен-Жермен се согласи да го пушти напаѓачот Мауро Икарди во Јувентус. Сепак, Французите се подготвени да го дадат на позајмица 28-годишниот Аргентинец за оваа сезона само под услов клубот од Торино да го откупи трансферот на играчот следното лето, објави новинарот Џанлука Ди Марцио. Во Јувентус се уште не се сигурни дека вреди да се согласат токму на такви услови. Икарди се приклучи на ПСЖ од Интер. Како дел од францускиот тим, напаѓачот учествуваше на 66 натпревари на сите турнири, постигна 35 гола и оствари 10 асистенции. Моменталниот договор помеѓу аргентинскиот напаѓач и францускиот клуб има важност уште три сезони. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 40 милиони евра. зс/

Остани поврзан