• сабота, 22 јуни 2024

Јувентус би можел да го замени Киеза за Санчо или Гринвуд

Јувентус би можел да го замени Киеза за Санчо или Гринвуд

Торино, 22 јуни 2024 (МИА) - Раководството на Јувентус може да го замени крилниот напаѓач Федерико Киеза за еден од напаѓачите на Манчестер јунајтед Џејдон Санчо или Мејсон Гринвуд, тврди „La Gazzetta dello Sport“.

Според италијанскиот медиум, ова прашање ќе биде решено по Европското првенство во Германија. 

Киеза игра за репрезентацијата на Италија.

Минатата сезона 26-годишниот фудбалер учествуваше на 39 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 10 гола и три асистенции. Договорот на играчот е до летото 2025 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан