• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Јувентус без Шчесни три недели

Јувентус без Шчесни три недели
Торино, 9 август 2022 (МИА) - Војчех Шесни ќе пропушти околу три седмици поради повреда на бутниот мускул. Голманот на Јувентус се чувствуваше непријатно на пријателскиот натпревар со Атлетико (0:4) на крајот од првото полувреме и беше заменет на паузата. Рендгенските снимки покажале дека Шчесни има лесна повреда на долгиот адукторски мускул на левата надколеница. Периодот на закрепнување за полскиот голман ќе биде околу 20 дена. Така тој ќе ги пропушти натпреварите на Јувентус во стартните кола од новата сезона во Серија А. зс/

Остани поврзан