• петок, 05 декември 2025

Јубилејна плакета на Црвениот крст за Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје

Јубилејна плакета на Црвениот крст за Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје

Скопје, 2 декември 2025 (МИА) - Црвениот крст на Република Северна Македонија му додели јубилејна плакета на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Црвен крст годинава одбележува 80 години од формирањето на организацијата.

Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје,  Беким Фетаји нагласи дека оваа награда е многу престижна и универзитетот се чувствува почестен.

- Во иднина, студентите на универзитетот ќе бидат ангажирани со Црвениот крст. Имаме Меморандум за соработка и таму ги имаме истакнато некои од активностите во кои во иднина ќе ги вклучиме студентите и професорите, рече Фетаји.

Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити истакна дека оваа плакета значи благодарност за раководителите на универзитетот за нивниот придонес, за нивното вклучување во нивната работа како организација.

- Им благодариме, пред сè, на студентите, од кои добар дел се волонтери на Црвениот крст и на некој начин го носат волонтерството и вредностите на Црвениот крст овде на универзитетот. Би рекол дека ова е нов почеток на досегашната соработка и се надеваме и очекуваме дека студентите, професорите и раководството на Универзитетот ќе бидат дополнително вклучени во работата на Црвениот крст, за да придонесат за понатамошен развој на нашите активности, рече Саити.

Генералниот секретар на Црвен крст потенцира дека нивна амбиција е што е можно повеќе наука да се внесе во нивните активности и нивната верификација.

-Како што знаете, организацијата Црвен крст има амбиција да се прилагоди на моменталната средина и контекстот и во таа насока нашите амбиции се што е можно повеќе наука да се внесе во нашите активности, нивната верификација, нашите практики да добијат научна верификација и на тој начин да ги пренесеме како лекции што во иднина ќе придонесат за понатамошен развој на нашата организација и проширување на нашите резултати како организација, рече Саити. фф/са/

Фото: МИА

Остани поврзан