• петок, 22 ноември 2024

Јубилеен десетти „Пелистер даунхил куп“, прв пат учествуваа и жени велосипедисти

Јубилеен десетти „Пелистер даунхил куп“, прв пат учествуваа и жени велосипедисти

Битола, 22 август 2022 (МИА)На падините на планината Баба, на патеката од Копанки до Детското одморалиште, викендов се одржаа финалните трки на десеттиот по ред „Пелистер даунхил куп“.

Годинава е регистриран рекорден број учесници и се натпреваруваа 84 домашни и странски бајкери“-велосипедисти кои викендов престојуваа на Пелистер.

Велосипедистите кои возат во ридско-планински услови, се натпреваруваа во шест категории, а прв пат имаше категорија во која се натпреваруваа припадничките на понежниот пол.

Во категоријата елита, најдобро време постигна Андреас Теодору од Кипар, во категоријата хоби Кристијан Угриновски од Северна Македонија, кај јуниорите најдобар беше 15-годишниот Марко Ламарис од Грција, во категоријата мастер Јовче Даскаловски од Северна Македонија, во мини јуниори Георги Атанасов од Бугарија и кај жените со најдобро време беше Гркинката Евелина Зафеири.

Настанот го организираше Екстрим бајк тим од Битола, а наградите ги додели градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски. мт/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан