• сабота, 21 декември 2024

Утре генерална проба за Самитот на ОБСЕ, ќе бидат затворени неколку сообраќајници во Скопје

Утре генерална проба за Самитот на ОБСЕ,  ќе бидат затворени неколку сообраќајници во Скопје

Скопје, 27 ноември 2023 (МИА) - Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје утре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во рамки на генералната проба за 20. Министерски совет на ОБСЕ, кој ќе се одржи од 29 ноември до 1 декември, во СРЦ „Борис Трајковски“, соопшти МВР.

За сообраќај, како што наведе МВР, ќе бидат затворени следните улици: бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Љубљанска“ и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански Одреди“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Јавно сообраќајно претпријатие прецизира дека утре од 9 до 12 часот, поради одржување генералната проба неколку сообраќајници ќе бидат затворени, па од тие причини дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот. Изменети траси ќе имаат линиите 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118.

ЈСП во соопштението ги појаснува изменетите траси на движење:

Линии 8 и 15А - од мост „Гоце Делчев“ наместо по булевар „Илинден“, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“. Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

Линии 7, 15, 19, 26, 29 и 59 - наместо на крајните терминали во Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, па десно по улица „Никола Парапунов“ (стара телевизија) каде не чекаат време, туку веднаш ќе продолжуваат десно по булевар „Илинден“, па десно по улица „Љубљанска“, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“

Линии 18, 21А и 118 -  од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Бит пазар, потоа по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта. Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење. љм/ац/

Остани поврзан