• сабота, 29 јуни 2024

ЈСП Скопје апелира да се носи маска при користење јавен превоз

ЈСП Скопје апелира да се носи маска при користење јавен превоз
Скопје, 18 јули 2022 (МИА) - ЈСП Скопје апелира сите граѓани, корисници на јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од Ковид-19 при користење на превозот, односно да носат заштитна маска во автобус. Посочуваат дека немаат ингеренции да забрануваат влез на патници кои при користење на превозот не носат маска, ниту имаат право да ги казнуваат. - Единствено, со одговорно однесување на секој поединец, а со оглед на тоа дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот. Очекуваме дека нашиот апел ќе биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје, информираат од ЈСП Скопје. рп/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан