ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово ги расчистува градските гробишта во пресрет на Задушница
- Екипите на кумановското јавно претпријатие интензивно ги расчистуваат градските гробишта по повод верскиот празник Задушница. Надлежните денеска ги информираа граѓаните да подигнат бесплатни кеси за одлагање на сметот.
Куманово, 5 јуни 2025 (МИА) - Екипите на кумановското јавно претпријатие интензивно ги расчистуваат градските гробишта по повод верскиот празник Задушница. Надлежните денеска ги информираа граѓаните да подигнат бесплатни кеси за одлагање на сметот.

- Вреќите ќе бидат бесплатно достапни во просториите на влезот на градските гробишта. Ангажиравме дополнителни екипи за расчистување на гробиштата во пресрет на празникот. Апел од граѓаните да го складираат сметот, да го остават до контејнерите, нашите екипи ќе го отстранат по завршување на празникот, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Ненад Стојановски.
Екипите изминатиов период ги косеа јавните површини, го изнесуваа сметот и оставија дополнителни садови за смет. По завршување на празникот, во недела ќе бидат ангажирани дополнителни работници за целосно расчистување на локацијата.
И од СВР Куманово најавија дека ќе го регулираат сообраќајот кон градските гробишта утре и задутре. ам/дма/
Фото: МИА