• петок, 22 ноември 2024

ЈП Лајка ќе заловува бездомни кучиња во Аеродром

ЈП Лајка ќе заловува бездомни кучиња во Аеродром

Скопје, 3 јули 2023 (МИА) - Од денеска до 7 јули заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Аеродром, односно во реоните на Долно Лисиче, Горно Лисиче, Тодор Чангов, Населба Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово.

Од ЈП Лајка иформираат дека заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони, кое го нема поминато хуманиот третман.

Доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, може да се јават на телефонските броеви 02 256 5859 / 071 219 925 или да пријават на info@lajka.com.mk. сст/са/

фото ЈП Лајка
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан