ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти дива депонија во Скопје Север
- Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје расчистија голема дива депонија лоцирана на булеварот „Босна и Херцеговина“, во непосредна близина на паркингот кај Железничката станица во скопската населба Скопје Север.

Скопје, 27 март 2023 (МИА) - Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје расчистија голема дива депонија лоцирана на булеварот „Босна и Херцеговина“, во непосредна близина на паркингот кај Железничката станица во скопската населба Скопје Север.
Од ЈП Комунална хигиена-Скопје информираат дека се подигнати и транспортирани приближно 50 кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад. дма/са/
Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје