• четврток, 23 јануари 2025

ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнало и транспортирало приближно 50 кубни метри непрописно одложен отпад

ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнало и транспортирало приближно 50 кубни метри непрописно одложен отпад

Скопје, 18 декември 2024 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипи на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале приближно 50 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во скопските општини Чаир, Бутел и Кисела Вода.

Во општината Чаир, соопштија од ЈП Комунална хигиена-Скопје, е интервенирано на улицата „Славеј Планина“, во непосредна близина на скопското Теќе, каде што се расчистени 15 кубни метри мешан комунален и отпад од картонска амбалажа одложени на јавна површина. Во оваа скопска општина се отстранети и 10 кубни метри кабаст отпад одложен на сообраќајна површина на улицата „Цветан Димов“.

Во општината Бутел е расчистена обемна дива депонија лоцирана кај социјалните згради, во близина на СУГС „Зеф Љуш Марку“, каде што се подигнати 15 кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад.

- Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведоа вонредни активности и во скопската општина Кисела Вода, каде што се подигнати 10 кубни метри непрописно одложен отпад од картонска амбалажа на улицата „Димо Хаџи Димов“, се наведува во соопштението. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан