• недела, 22 декември 2024

ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви записници за граѓани и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање големи количини градежен отпад

ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви записници за граѓани и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање големи количини градежен отпад

Скопје, 20 септември 2024 (МИА) - Во периодот 16-ти до 20 септември 2024 година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви вкупно 16 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање големи количини градежен отпад на јавни површини во скопските општини Центар, Гази Баба, Чаир, Карпош, Кисела Вода и Аеродром.

Како што информираат од јавното претпријатие, екипите на Претпријатието отстраниле и повеќе диви депонии лоцирани на улиците „Војвода Васил Чакаларов“ во општината Карпош и „Цветан Димов“ во општината Чаир, како и на булеварот „Партизански одреди“ во општината Центар. сст/дма/

фото ЈП Комунална хигиена-Скопје

Остани поврзан