ЈП Водовод: Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
- ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).
Скопје, 13 октомври 2025 (МИА) - ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).
Секторот за санитарна контрола во периодот од 6 до 10 октомври зема 217 примероци за физичко-хемиска и 217 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 54 мерни места во Градот Скопје. ев/дма/
Фото: МИА архива