• петок, 05 декември 2025

ЈП„Улици и патишта"-Скопје: Бетонирање темели за семафорски столбови на крстосницата на улица „Васко Карангелевски"

ЈП„Улици и патишта

Скопје, 31 октомври 2025 (МИА) - Екипите на ЈП „Улици и патишта"-Скопје денеска вршат бетонирање на темелите за поставување семафорските столбови на крстосница на улиците „Васко Карангелески" и „Ангел Димовски".

По оваа фаза, како што соопштија од ЈП „Улици и патишта"-Скопје, ќе следи поставување на семафорските портални столбови и ќе се спроведува семафорската инсталација.

-Со поставување на новите семафори се влијае на безбедноста на сите учесници во сообраќајот во овој дел од градот, се наведува во соопштението. дма/са/

Фото: ЈП „Улици и патишта"-Скопје

Остани поврзан