• сабота, 21 декември 2024

ЈПДП за ангажманот на рабтници на коридорите и договорот со „Бехтел и ЕНКА“

ЈПДП за ангажманот на рабтници на коридорите и договорот со „Бехтел и ЕНКА“

Скопје, 21 април 2023

Изградбата на Коридорите 8 и 10-д е можност за нови работни места за нашите граѓани и за перспективна еконономија, на европска Северна Македонија

Коридорот 8 и Коридорот 10-д е можност за нови вработувања и порачува, заинтересираните работници внимателно да ги следат претстојните огласи за ангажирање стручен кадар за изведување на градежните работи, поврзани со овој најголем инфраструктурен проект во државата.
Јавното претпријатие за државни патишта, посочува дека ангажманот на работна сила за изградба на Коридорот 8 и Коридирот 10-д ќе се реализира согласно постоечкиот закон, односно, согласно Законот за утврдување јавен интерес, за номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10, донесен во 2021 година, а објавен во Службен весник на 16 јули истата година (бр.163).
Во член 11, став (3), каде се регулира ангажманот на работници јасно стои обврската, стратешкиот партнер да користи најмалку 51% од локални ресурси.
Ова значи, дека ако нашата земја има доволно локални ресурси, односно работна сила, бројот на локално ангажираните ресурси може да биде и поголем од 51%.
Изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д е од исклучително стратешко значење за граѓаните и за Република Северна Македонија, затоа што ќе овозможи инфраструктурно поврзување на нашата држава со регионот, што ќе придонесе и во економскиот развој на државата.
Со овој стратешки зафат, ги поврзуваме луѓето, ги поврзуваме градовите и ја поврзуваме нашата држава со околните држави и со светот со модерна инфорастуктура, од значење за сегашните генерации и создаваме наследство за следните генерации.
Поврзувањето на Република Северна Македонија со Европа, носи пораст на странски инвестиции, уште повеќе нови работни места, побрз трансфер на луѓе и стоки, развивање на туризмот, а пред сè безбедни и сигурни патишта за граѓаните, дома.
 
Договорот за изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д е склучен согласно посточките законските одредби. Сите договори коишто се дел од работата на Јавното претпријатие за државни патишта се со назнака на доверливост, бидејќи содржат технологии на работа и структури на управување, а со тоа и потреба за заштита од конкуренцијата. Но, претставници од Владата и членови на Комитетот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10-д, ќе ги презентираат документацијата и деталите од Договорот за изградба на овие два коридора, во соодветна собраниска процедура, односно, како што е предвидено согласно законот, пред сите пратеници од Собранието на Република Северна Македонија, кои поседуваат соодветен безбедносен сертификат.
 
Јавно претпријатие за државни патишта - ЈПДП

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 
 
 
 

Остани поврзан