• вторник, 05 ноември 2024

ЈО: Истраги против млади дилери на хероин во Скопје и Велес

ЈО: Истраги против млади дилери на хероин во Скопје и Велес

Скопје, 16 март 2024 (МИА) - Поведени се истраги против двајца дилери на хероин во Скопје и Велес, информираат денеска од Јавното обвинителство.

- Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, за кривично дело - неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции, од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот, на 15 март, полицијата пронајде 480,3 грама хероин, во 43 пакувања, како и 7,13 грама марихуана. При претресот биле одземени и четири дигитални ваги и други предмети со остатоци од хероин, се наведува во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот 21-годишник, бидејќи оценил дека постои опасност од бегство и можност, тој да го повтори делото.

- Основното јавно обвинителство Велес, пак, донесе наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник, кај кого при претрес во домот на 13 март, беа пронајдени околу 90 грама хероин измешани со кофеин и працетамол. И за овој осомничен за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции, Обвинителството предложи да биде определена мерка притвор, се додава во соопштението. бд/aa/

Фото: МИА архива

Остани поврзан