• понеделник, 25 ноември 2024

Јоханис: Русија изврши нови напади многу блиску до границата со Романија

Јоханис: Русија изврши нови напади многу блиску до границата со Романија

Букурешт, 5 септември 2023 (МИА) - Нови напади на Русија насочени кон Украина се извршени денеска „многу блиску“ до границата со Романија, објави претседателот на оваа земја членка на НАТО, Клаус Јоханис, еден ден по падот на руските експлозивни дронови во близина на реката Дунав, пренесоа француските медиуми.

-Имаше повеќе напади денеска, ми кажа министерот за одбрана. Тие се снимени на 800 метри од нашата граница. Многу, многу блиску, рече романскиот претседател Клаус Јоханис на заедничката прес-конференција со премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан