• понеделник, 23 декември 2024

Јорданскиот новинар Хадад ослободен со кауција

Јорданскиот новинар Хадад ослободен со кауција
Аман, 29 декември 2020 (МИА) - Јорданскиот новинар Џамал Хадад кој беше притворен поради објавен текст во кој тврди дека вакцината против Ковид-19 пристигнале во Кралството и оти претставниците на власта ги примиле своите дози, денеска е ослободен со кауција. Уредникот на порталот Ал Вакаи, Хадад е обвинет за „загрозување на јавната безбедност и предизвикување немири“ и му беше изречена казна притвор. Хадад на 22 декември објави текст под наслов „А, луѓето? Дали Фајзер (вакцината) пристигна тајно и дали се вакцинирани високите функционери во јорданската Влада?“ Јорданските власти во средината на декември одобрија употреба на вакцината на Фајзер и БиоНтек, а вакцината треба да пристигне кон крајот на јануари или почетокот на февруари 2021 година. Во Јордан официјално регистрирани се повеќе од 291.000 случаи на Ковид-19 и над 3.900 смртни случаи. Јорданскиот министерот за здравство Назир Обејдат минатиот месец изјави дека дека вакцините ќе бидат бесплатни за Јорданците и за странците. ми/

Остани поврзан