• понеделник, 25 ноември 2024

Јолевски: Добро е реизбраните обвинители да имаат втор мандат за да си ги завршат предметите

Јолевски: Добро е реизбраните обвинители да имаат втор мандат за да си ги завршат предметите
Скопје, 17 март 2022 (МИА) - Секој одевме по сопствено убедување, меѓутоа, начелно, се согласувавме дека обвинителите би требало да продолжат да си ги завршат оние предмети кои ги почнале, истакна претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, по денешната седница на која беа реизбрани пет обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Четирите кандидатки, како што посочи Јолевски, се со еден мандат, што, според нив е е краток период да го завршат она што го почнале, затоа, како што рече, е и добро да имаат и втор мандат. Во обвинителството предводено од Вилма Русковска, беа реизбрани обвинителите кои и досега беа дел од ова обвинителство, меѓутоа, мандатот им заврши во февруари. Станува збор за Марија Ѓорѓиева, Валентина Бислимовска, Енѓелуше Кадриу Леши, Ивана Трајчева и Сузана Мирческа Кузмановска. Јолевски истакна дека при изборот се раководеле од досегашните резултати и од она што беше изнесено на седницата. Тој посочи дека немал никаков притисок за изборот. Во однос на коригирањето на оценката за работењето на обвинителката Валентина Бислимовска од страна на обвинителката Русковска, тој истакна дека ги коригирале оценките каде што немало образложение. - Коментарот во сите обрасци за сите кандидати беше идентичен, препишан, а сите имаа различни оценки. Немаше образложение зошто се крати на углед и етичност кога нема постапка. Во Правилникот стои дека ако нема постапка, се доделуваат, треба да се доделат тие зборови, зошто ги скрати не знам, ние моравме да ги вратиме затоа што нема постапка, рече Јолевски. Други обвинители кои конкурираа, но не добија мнозинство гласови се Арсим Адеми, Елизабета Јосифовска, Наташа Сарамандова и Златко Биковски. На конкурсот беше пријавена и обвинителката Имран Османи, која добила негативна оцена од Вишото обвинителство поради неисполнување на условите. ар/дма/

Остани поврзан