Јовески и Ковеси ќе потпишат договор за соработка меѓу ЈО и Европското јавно обвинителство
- Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска ќе потпише Работен договор за соработка меѓу двете институции со Eвропската главна обвинителка Лаура Кодрута Ковеси.
Скопје, 24 октомври 2022 (МИА) - Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска ќе потпише Работен договор за соработка меѓу двете институции со Eвропската главна обвинителка Лаура Кодрута Ковеси.
Официјалното потпишување на документот ќе се одржи напладне во седиштето на Европското јавно обвинителство во Луксембург.
Како што сооошти Јавното обвинителство, на потпишувањето ќе присуствуваат и јавниот обвинител Џељаљ Бајрами и в.д. шеф на Мисијата на Република Северна Македонија во ЕУ, Миле Прангоски. ев/нд/