Јовевски: Невработеноста ни е 10 отсто, но во многу потсектори имаме недостаток на работници
- -Како човек кој 25 години го проучува пазарот на трудот, и трудот генерално во државата, можам да кажам дека во Македонија драматично се променети фактичките состојби. Тоа што кога јас бев демонстратор во 2001 година во јануари месец, и јануари 2026, значи после 25 години, е многу поинаква сликата на тоа што се случува во Македонија во пазарот на труд. Нема да навлегувам во причините зошто толку драматично е променет пазарот на трудот. Тоа е што е моменталната фактичка ситуација е што иако имаме околу 10 проценти статитички невработеност во државата, ние сепак во одредени потсектори, одредени гранки во стопанството имаме недостиг на работна сила. За ова пишував повеќе од пет години уште кога не беше толку актуелна оваа тема дека ќе дојдеме до оваа ситуација и еве дојдовме. Секторот на градежништво, секторот на угостителство и туризам, секторот на текстилната индустрија, секторот на земјоделие, имаат веќе хроничен недостиг на работна сила и пад, и на вработените и на производството во однос на тоа што се случувало пред десетина години. Но сега не само што имаат побарување од работници, туку паѓа и нивната конкуретност во однос на Европа и во однос на светот особено во однос на Азија, истакна тој.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.