• четврток, 26 март 2026

ЈКП „Стандард“-Дебар ќе го модернизира работењето со воведување на Скада системот

ЈКП „Стандард“-Дебар ќе го модернизира работењето со воведување на Скада системот

Дебар, 26 мај 2025 (МИА) – Стручен тим на дебарското Јавно комунално претпријатие „Стандард“, во рамки на подготовките за воведување Скада систем и отпочнување со регистрација на катастарската подлога, деновиве престојуваше во Прилеп, каде колегите од тамошното претпријатие, споделиле искуство за начинот на функционирањето на системот.

Во изјава за МИА, директорот Бурим Каба, кој во Прилеп престојувал заедно со инженерите Бесарт Толуми и Аритон Лата истакна дека воведувањето Скада систем и регистрацијата на катастарската подлога е долгогодишна и многу битна потреба која сакаат успешно да ја воспостават.

-Со ова новата визија и напредокот на ЈКП „Стандард“-Дебар сега се реалност и со конкретни достигнувања. Имаме воспоставено многу новини кои се неоходни, а кои до сега не биле реализирани. Имаме поставено дигитални броила, активност која продолжува, онлајн наплата на сметки и слично. Продолжуваме со напорите за создавање претпријатие какво што заслужуваат нашите корисници, посочи Каба, кој е и потпретседател на Асоцијацијата на општинските комунални претпријатие во државава.

Тој изрази задоволство од посетата на претпријатието за водоснабдување и канализација - Прилеп, каде што одблизу се запознале со управувањето со подземниот катастар, за кој колегите од Прилеп имаат одлично искуство. -Изразуваме голема благодарност на директорот на претпријатието, Игор Гулабоски, и на раководителката на водоводот, Данче Цакоска, за нивното гостопримство и поддршка, вели Каба.

Дебарското претпријатие се грижи за комуналната хигиена на целата територија на општината, а стопанисува и со водоводот Росоки – Дебар, преку кој со вода за пиење се снабдува градот, селата Рајчица и Долно Косоврасти, а преку кракот кај Мелнички Мост и дел од општина Центар Жупа. вт/вг/

 

Фото: ЈКП „Стандард“

Остани поврзан