• понеделник, 23 декември 2024

Јермак: Украина и нејзините партнери би можеле да ја поканат Русија на идниот мировен самит

Јермак: Украина и нејзините партнери би можеле да ја поканат Русија на идниот мировен самит

Киев, 25 февруари 2024 (МИА) - Украина и нејзините странски партнери би можеле да ја поканат Русија на идниот мировен самит на кој ќе се разговара за завршување на двегодишната војна според условите на Киев, изјави денеска шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак.

Тој објасни дека Швајцарија ќе биде домаќин на самит на кој ќе се разговара за „визијата за мир на претседателот на Украина Володимир Зеленски“, која би можела да и биде предадена на Русија подоцна, на друга средба.

„Може да дојде до ситуација заедно да ги поканиме претставниците на Руската Федерација, каде што ќе им биде претставен план во случај кој и да ја претставува земјата на агресорот во тој момент да сака вистински да ја заврши оваа војна и да се врати на праведен мир“, рече тој на конференцијата одржана во Киев, која беше пренесена од украинската телевизија.

Зеленски првпат ја објави својата мировна формула на самитот на Г20 во ноември 2022 година.

Мировната формула на Зеленски бара обновување на територијалниот интегритет на Украина и целосно повлекување на руските трупи.

Киев останува на ставот дека нема да разговара со Москва додека сите руски војници не ја напуштат украинската територија.

Кремљ посочи дека не постои моментална основа за мировни преговори меѓу Русија и Украина и дека мировниот план на Киев е апсурден бидејќи ја исклучува Русија. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан