Јермак: Путин само покажува желба да убива
- „Русија во моментов ги напаѓа Киев, Харков и другите градови со ракети и беспилотни летала. Путин само покажува желба да убива. Огнот мора да престане. Нападите врз цивилите мора да престанат“, напиша Јермак на украински

Киев, 24 април 2025 (МИА) - Шефот на кабинет на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак утринава на платформата Х го прокоментира новиот бран руски напади врз украинските градови.
„Русија во моментов ги напаѓа Киев, Харков и другите градови со ракети и беспилотни летала. Путин само покажува желба да убива. Огнот мора да престане. Нападите врз цивилите мора да престанат“, напиша Јермак на украински.
Заедно со објавата тој прикачи и видео на кое е прикажана сцената на спасување, на која во темница се гледаат спасувачи со шлемови и осветлени од батериски светла, како ги пребаруваат урнатините под кои, како што претходно објавија медиумите, се закопани луѓе.
Јермак рече дека нападите докажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин не е заинтересиран за мир.
Да потсетиме, Русите рано утринава ги нападнаа Киев и Харков со беспилотни летала и проектили. Западните медиуми јавува дека очевидци пријавиле серија силни експлозии.
Според првичните информации во ракетниот напад врз Киев загинале девет лица, а 63 се повредени, од кои 42 се хоспитализирани, меѓу кои и шест деца.
Од нападот се урнати станбени згради, а потрагата по луѓе под урнатините е во тек.
На терен се излезени психолози и екипи со кучиња трагачи од Државната служба за вонредни состојби јавуваат украинските медиуми.сд/
росія атакує Київ, Харків та інші міста ракетами та дронами просто зараз.
— Andriy Yermak (@AndriyYermak) April 24, 2025
путін демонструє тільки бажання вбивати.
Вогонь має бути припинено. Удари по цивільних повинні припинитися. pic.twitter.com/9p2LQHzjFD