• среда, 04 декември 2024

Јеменските Хути извршија напади врз два американски разурнувачи и три други брода во Црвеното Море

Јеменските Хути извршија напади врз два американски разурнувачи и три други брода во Црвеното Море

Порт Морсби, 27 мај 2024 (МИА) - Јеменското движење Хути денеска соопшти дека извршило напади врз два американски разурнувачи и три брода во Црвеното Море и Индискиот Океан.

Портпаролот на Хутите, Јахја Сари, во соопштение изјави дека нивните сили нападнале два разурнувачи и бродот „Минерва Лиза“ во Црвеното Море со беспилотни летала и проектили.

Тој додаде дека на мета во Индискиот Океан биле и американскиот брод „Ларего Десерт“ и израелскиот брод „МСЦ Мечела“.

Засега нема коментар од САД за овие тврдења на Хутите.

Хутите користат ракети и беспилотни летала за да гаѓаат бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив, кои на кој било начин се поврзани со Израел како знак на солидарност со Газа, која е под разорен израелски напад од 7 октомври минатата година.

Откако САД и Велика Британија започнаа одмазднички воздушни напади врз позициите на Хутите во Јемен, движењето соопшти дека ги смета и сите американски и британски бродови за воени цели. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан