Јеменските Хути извршија воздушен напад врз израелските градови Тел Авив и Ашкелон
- Јеменските Хути извршија воздушен напад врз израелските Тел Авив и Ашкелон, со балистичка ракета и дрон, како поддршка на Газа и Либан.

Тел Авив, 27 септември 2024 (МИА) - Јеменските Хути со балистичка ракета и дрон извршија воздушен напад врз израелските градови Тел Авив и Ашкелон во знак на поддршка за Газа и Либан.
Портпаролот на Хутите, Јахја Сареа рече дека нивните операции нема да престанат додека не заврши офанзивата на Израел.
„Ќе извршиме повеќе воени операции против непријателот Израел“, истакна Сареа. рп/
Фото: МИА архива