• недела, 24 ноември 2024

Јелен: Санкциите кон други земји претставуваат ризик за доларот

Јелен: Санкциите кон други земји претставуваат ризик за доларот

Вашингтон, 17 април 2023 (МИА) - Американската министерка за економија Џенет Јелен вчера изјави дека економските санкции воведени од страна на САД, првенствено кон Русија, претставуваат ризик за „хегемонијата“ на доларот, бидејќи санкционираните држави се обидуваат да изнајдат алтернатива за американската валута.

- Постои ризик кога користиме финансиски санкции кои се поврзани со улогата на доларот … Тоа може да ја поткопа хегемонијата на доларот на долг рок … Сепак, доларот се користи како глобална валута и тоа им отежнува на другите земји да најдат алтернатива, изјави Јелен за телевизиската мрежа Си-ен-ен.

Според неа, Кина, Русија, Иран и други земји сакаат да најдат алтернатива за доларот.

Јелен потенцира дека економските санкции се „исклучително важна алатка“ што ја користат земјите сојузници на САД против Русија. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан