• среда, 15 јануари 2025

ЈАР најави продолжување на тужбата за геноцид против Израел

ЈАР најави продолжување на тужбата за геноцид против Израел

Преторија, 11 септември 2024 (МИА) – Јужноафриканската Република (ЈАР) најави дека следниот месец ќе поднесе барање до Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) за продолжување на тужбата со која се обвинува Израел за геноцид во Појасот Газа.

- Јужноафриканската Република планира да обезбеди факти и докази кои ќе докажат дека Израел врши злосторство геноцид во Палестина. Овој случај ќе продолжи сè додека судот не донесе заклучок. Додека случајот е во тек, се надеваме дека Израел ќе ги почитува привремените судски мерки издадени досега, се наведува во соопштението на Претседателството на ЈАР.

Во соопштението се истакнува и дека тужба за геноцид против Израел е дел од растечките глобални напори за обезбедување мир на Блискиот Исток.

Неколку земји, како Турција, Никарагва, Палестина, Шпанија, Мексико, Либија и Колумбија, се приклучија на случајот, кој започна со јавни расправи во јануари во Хаг.

ЈАР поднесе тужба против Тел Авив пред Хашкиот трибунал на крајот на 2023 година, обвинувајќи го Израел за геноцид во контекст на неговите напади кои се во тек во Појасот Газа од 7 октомври.

ИЦЈ во мај му нареди на Израел да ја запре офанзивата врз градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа. Тоа беше третпат 15-члената судска комисија да издаде прелиминарни наредби со цел да ги спречи израелските напади и хуманитарната криза во Појасот Газа. Засега Израел не ги почитува наредбите на меѓународниот суд.

Неколку земји, како Турција, Никарагва, Шпанија, Мексико, Либија и Колумбија се приклучија на случајот, што почна со јавни расправи во јануари во Хаг. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан