• четврток, 26 март 2026

Јапонски филмови во битолското кино „Манаки“

Јапонски филмови во битолското кино „Манаки“

Битола, 19 ноември 2025 (МИА) - Културно информативен центар (КИЦ)-Битола во соработката со Амбасадата на Јапонија, организираат „Недела на јапонски филмови“.

Вечер и утревечер, во кино „Манаки“, во рамки на филмската програма ќе бидат емитувани два филма од јапонската кинематографија.

Од КИЦ-Битола најавија, вечер ќе биде емитуван филмот „Под отворено небо“, а утревечер за љубителите на филмот ќе биде емитувана „Бурманска харфа“.

Влезот за двете филмски проекции е бесплатен.мт/са/

Фото: КИЦ Битола

Остани поврзан