• петок, 22 ноември 2024

Јапонските власти ги поттикнуваат младите да пијат повеќе алкохол

Јапонските власти ги поттикнуваат младите да пијат повеќе алкохол

Токио, 18 август 2022 (МИА) - Јапонската Влада е финансиски погодена од необичен проблем - младите луѓе не пијат доволно алкохол.

Јапонија, заедно со неколку други земји во Азија, задржа строги ограничувања во текот на поголемиот дел од пандемијата, затворајќи ги јавните простори и намалувајќи ги работните часови за рестораните. Затоа, баровите во земјата и другите угостителски простории што продаваат алкохол се тешко погодени од ограничувањата за Ковид-19, кои предизвикуваат пад на продажбата - и на приходите од даноци за алкохол. Владиното решение се нови начини да се поттикнат младите да пијат повеќе алкохол. На кампањата „Саке вива!", под раководство на Националната даночна агенција, ги поканува учесниците да поднесат идеи за тоа како да се „стимулира побарувачката кај младите“ за алкохол преку нови услуги, промоции, производи, дизајни, па дури и  користејќи вештачка интелигенција или метаверс, според официјална страница на натпреварот. Победникот ќе добие поддршка за комерцијализација на неговиот план. Но, не сите го поддржуваат тоа, бидејќи конкуренцијата и даночната агенција добиваат критики од сѐ повеќе луѓе на интернет и во јавноста. Јапонија ја укина вонредната состојба во октомври 2021 година, дозволувајќи им на рестораните повторно да продаваат алкохол и да останат отворени до подоцна, но во некои делови од земјата, ограничувањата останаа во сила до март годинава. Закрепнувањето на земјата оттогаш е побавно од очекуваното, попречено и од зголемената инфлација, економското влијание на војната во Украина, како и неодамнешните Ковид-бранови што доведоа до продолжени ограничувања.  си/

Остани поврзан