• недела, 22 декември 2024

Јапонскиот премиер повика на зајакнување на воените капацитети

Јапонскиот премиер повика на зајакнување на воените капацитети

Токио, 18 октомври 2021 (МИА) - Јапонскиот премиер Фумио Кишида повика на зајакнување на воените капацитети на Јапонија како одговор на, како што рече, „зголемените закани од Кина и Северна Кореја“. Кишида го упати своето барање за време на јавната дебата со лидерите на осум политички партии. Лидерите на партиите разговараа и за начините за закрепнување на економијата од последиците од пандемијата на Ковид 19 и наоѓање одговор за можните идни бранови на коронавирусот. Кишида оцени дека јапонската средина брзо се менува и рече дека Северна Кореја веројатно има неколку стотици проектили што можат да долетаат кон Јапонија, поради што, според него, „Јапонија треба да може да возврати на ударот на непријателските бази како последна опција што ја дозволува меѓународното право“.
Како лидер на владејачката Либерално - демократска партија, Кишида беше избран за премиер на почетокот на овој месец и оттогаш распиша избори за Долниот дом на Парламентот на 31 октомври. Официјалната изборна кампања започнува утре. паг/

Остани поврзан