• петок, 05 декември 2025

Јапонскиот дефанзивец Такаи во Тотенхем

Јапонскиот дефанзивец Такаи во Тотенхем

 

Лондон, 8 јули 2025 (МИА) – Премиерлигашот Тотенхем потпиша денеска петгодишен договор со младиот јапонски дефанзивец Кото Такаи од Џеј-лигашот Кавасаки.

Иако финансиските детали за трансферот не се обелоденети, британските медиуми објавија дека освојувачот на Лига Европа, Тотенхем платил пет милиони фунти за 20-годишниот јапонски фудбалер.

Такаи, кој потекнува од младинската академија на Кавасаки, беше дел од тимот што претрпе пораз од 0-2 од саудиски Ал Ахли во финалето на азиската Лига на шампиони во мај.

За јапонската репрезентација, Такаи досега има четири настапи. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан