• сабота, 22 февруари 2025

Јапонската влада ќе им понуди на трговците 210 илјади тони ориз од резервите за да го стабилизира пазарот поради зголемените цени

Јапонската влада ќе им понуди на трговците 210 илјади тони ориз од резервите за да го стабилизира пазарот поради зголемените цени

Токио, 14 февруари 2025 (МИА) - Јапонската влада планира на трговците да им понуди 210.000 тони ориз од своите резерви за да го стабилизира пазарот поради зголемувањето на цените, соопшти министерот за земјоделство Таку Ето.

Оризот ќе им биде понуден на трговците на аукција во средината на март, а се очекува да биде достапен во продавниците меѓу крајот на март и почетокот на април.

Ето истакна дека поскапувањата на оризот се невообичаени и изрази надеж дека првата количина на оризот од државните резерви ќе придонесе за стабилизација на пазарот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан