Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами
- Издадено е предупредување за опасност од цунами. Се очекува брегот на префектурата Ивате да биде погоден од бран висок еден метар. На граѓаните им е советувано да се оддалечат од брегот.
Токио, 9 ноември 2025 (МИА) - Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска Јапонија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, источно од островот Хоншу, на длабочина од 10 километри.
Издадено е предупредување за опасност од цунами. Се очекува брегот на префектурата Ивате да биде погоден од бран висок еден метар. На граѓаните им е советувано да се оддалечат од брегот.
Според наводите на очевидци, објавени на веб-страницата на ЕМСЦ, потресот не бил почувствуван силно, иако траел до цела минута.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета. ссм/
фото: архива