• недела, 22 декември 2024

Јапонија најави 61 милијарда евра за домашната индустрија за чипови

Јапонија најави 61 милијарда евра за домашната индустрија за чипови

Токио, 11 ноември 2024 (МИА) - Јапонската влада состави предлог со кој се обезбедуваат 10 трилиони јени (61 милијарда евра) субвенции и други форми на финансиска помош за домашната индустрија за чипови во период од неколку години, покажува нацрт-документот. Минатата година Токио најави околу два трилиона јени помош за домашната индустрија за чипови.

Новиот документ покажува дека вредноста на финансиската поддршка треба да достигне 10 трилиони јени за неколку години и дека вклучува и предлози за закони кои предвидуваат финансиска поддршка за масовно производство на чипови од новата генерација. Во документот се споменува проектот за производство на чипови Рапидус и другите добавувачи на чипови за вештачка интелигенција.

Рапидус треба масовно да произведува чипови на островот Хокаидо од 2027 година, во партнерство со американската ИБМ и белгиската истражувачка организација Имек.

Предлогот за помош на индустријата за чипови е составен дел од поширокиот економски пакет што владата треба да го усвои на 22 ноември, со повик за 50 трилиони јени државни и приватни инвестиции во секторот за чипови во следните десет години. Со тој пакет, јапонската економија треба да создаде додадена вредност од околу 160 трилиони јени. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан