Јапонија и Јужна Кореја се придружија на САД во заеднички воени маневри во Источна Азија
- Јапонија и Јужна Кореја се придружија на САД во најголемите заеднички воени маневри меѓу трите држави во источна Азија, пред предавањето на власта од американскиот претседател Џо Бајден на неговиот наследник Доналд Трамп.
Токио, 14 ноември 2024 (МИА) - Јапонија и Јужна Кореја се придружија на САД во најголемите заеднички воени маневри меѓу трите држави во источна Азија, пред предавањето на власта од американскиот претседател Џо Бајден на неговиот наследник Доналд Трамп.
Маневрите наречени „Фридом Еџ“, предводени од американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ и неговите ловци, се одвиваат во водите јужно од Корејскиот Полуостров и западно од јапонските острови. Тие се резултат на минатогодишниот договор посредуван од Бајден, со кој Сеул и Токио ги оставија настрана долгогодишните несогласувања за тристраната соработка со Вашингтон.
На последниот состанок на советниците за национална безбедност на трите земји, беше изразена загриженост поради продлабочената соработка меѓу Русија и Северна Кореја. Претставник на САД изјави дека маневрите праќаат силна порака до Пекинг за заедничката безбедност на трите сојузници. ссм/
фото: архива