• понеделник, 02 февруари 2026

Јапонија вели дека ретки земни елементи се пронајдени за време на длабокоморска мисија

Јапонија вели дека ретки земни елементи се пронајдени за време на длабокоморска мисија

Токио, 2 февруари 2026 (МИА) - Јапонија денеска соопшти дека седименти што содржат ретки земни елементи се извадени од длабочина од 6.000 метри за време на истражување на отворено море.

Токио изјави дека ова е прв обид во светот за ископување ретки земни елементи на таква длабочина.

- „Деталите ќе бидат анализирани вклучувајќи ги и точните количини на ретки земни елементи содржани“ во примерокот - рече Кеи Сато, портпарол на владата. Тој го опиша откритието како „значајно достигнување од перспектива и на економската безбедност и на развојот на поморските активности“.

Примерокот е изваден од јапонскиот истражувачки брод Чикју, кој отплови до изолираниот јапонски остров Минами Торишима во Тихиот Океан кон средината на јануари. Околните води се сметаат за потенцијално богати со вредни минерали.

Објавата доаѓа во време кога Кина, најголемиот снабдувач на ретки земни елементи во светот, го зголемува притисокот врз Токио откога јапонската премиерка Санае Такаичи во ноември сугерира дека Токио би можел воено да одговори на напад врз Тајван.

Пекинг го блокира извозот во Јапонија на производи со двојна употреба што би можеле да имаат потенцијална воена примена, што предизвика загриженост во Јапонија за можно нарушување на снабдувањето со ретки земни елементи, од кои некои се на кинеската листа на производи со двојна употреба. мс/јт/

фото: Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан