• вторник, 25 март 2025

Јанчев : Правиме напори за актуелизирање на проектот за граничен премин 

Јанчев : Правиме напори за актуелизирање на проектот за граничен премин 

Кавадарци, 25 март 2025 (МИА) -  Правиме напори за актуелизирање на проектот за граничен премин на македонско - грчката граница на територија на општината Кавадарци, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.  

- Во рамките на поектот ,,ЕУ за општините'' #EU4M,   претставници на општина Кавадарци одржаа низа состаноци со градоначалници и раководни лица од општините Едеса, Амолопиа, Пилеа Хортиати, со заедничкиот технички Секретаријат за Прекугранична соработка со Р. Грција и други институции. На состаноците се разгледаа можностите за заеднички настап на општините во искористување на европските фондови, соопшти Јанчев. 

Тој подвлече дека со дел од градоначалниците се договорила заедничка средба во општина Кавадарци, со цел заеднички да се актуелизира проектот за пограничниот премин Пуљевац Промахои. свд/сст/


Фото:  Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев

Остани поврзан