• вторник, 21 јануари 2025

Јанчева: Додека скопјани се гушат, ДПМНЕ ги намали парите за чист воздух во Буџетот на Скопје за 10 пати

Јанчева: Додека скопјани се гушат, ДПМНЕ ги намали парите за чист воздух во Буџетот на Скопје за 10 пати

Скопје, 21 јануари 2025 

Скопје е меѓу најзагдените градови во Европа.

Додека скопјани се гушат, ниту централната ниту локалната власт на ДПМНЕ не преземаат ништо за намалување на загадувањето.

Напротив, дури и парите во буџетот на Град Скопје за заштита на животната средина, се драстично намалени.

Наместо да ги зголемува, локалната власт на ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска ги намалуваат парите за животна средина и борба против загадувањето.

Оваа година, буџетот на Скопје е толку намален, најнизок во историјата и изнесува 25 милиони денари. И е околу десет пати помал во споредба со други години.

За споредба, во 2020 година, кога СДСМ беше локална власт во Скопје, 380 милиони денари од Буџетот на Град Скопје се издвојуваа за борба против загадувањето и заштита на животната средна.

Сега, парите се кратат, нема интервентни мерки,  не се презема буквално ништо за загадениот воздух иако локалната самоуправа има големи ингеренции.

Веќе 4 години нема предвидено субвенции за Комунална хигиена за набавка на нови возила, нови контејнери и нови канти за ѓубре. Хигиената во градот е катастрофална.

Нема ниту дополнителни субвенции на ЈСП за во деновите кога е воздухот е енормно загаден, да не се користат возилата туку јавниот превоз.

Ниту едно од ветувањата пред скопјани не се исполнети.

Арсовска и Мицкоски ветуваа дека Вардариште ќе го направат зелена зона и тоа не го исполнија.

Ветија по 10.000 нови дрвја во секоја општина годишно, ветија, но не исполнија...

Мицкоски и Арсовска  ветуваа и гасификација на сите домаќинства, целосна гасификацијата на сите средни училишта во градот, како и сите институции и установи под надлежност на Град Скопје.

Ништо од ова не е реализирано. Се е голема лага.

Не е реализирана ниту набавката на 250 нови, еко автобуси, како ни проектот БРТ, зелен проект за кој средствата се обезбедени.

Ова покажува дека скопјани се оставени сами на себе, а Мицкоски ДПМНЕ немаат намера ништо да преземат во борбата против загадениот воздух.

 

Прес конференција на СДСМ, Љубица Јанчева - координаторка на советничкаа група во Скопје

СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан