• понеделник, 23 декември 2024

Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос со сметот

Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос со сметот

Скопје, 9 јули 2023

Локалната власт на ДПМНЕ во Скопје е најнеспособната досега.

Наместо развој и модернизација како што  Христијан Мицкоски ветуваше пред граѓаните кога ја бараше поддршката, на главниот град постојано му се случува нов хаос, одново и одново.

Овој пат ДПМНЕ создаде хаос со сметот, Скопје се гуши во ѓубре.

ДПМНЕ треба итно да преземе нешто, да се надмине проблемот и да се обезбеди функционалност на ЈП Комунална хигиена.

Скопјани ваков однос не заслужуваат. Скопје ова не го заслужува.

Во меѓувреме, градоначалниците на ДПМНЕ во Скопје да земат нешто да работат и да помогнат во чистењето на ѓубрето.

Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан