• вторник, 24 декември 2024

Јанев: Не е момент за гласање измени на Изборниот законик во Бугарија 

Јанев: Не е момент за гласање измени на Изборниот законик во Бугарија 
Софија, 24 ноември 2022 (МИА) – Поранешниот бугарски технички премиер, Стефан Јанев, кој е и претседател на најмалата парламентарна партија „Бугарски подем“, изјави дека поместувањето на дневниот ред во однос на гласањето за Изборниот законик не соодветствува со агендата на бугарското општество во услови на инфлација и во ситуација кога сите се загрижени за иднината и за плаќањето на сметките, јавува дописникот на МИА од Софија. Префрлањето на дебатата од планираниот дијалог за формирање парламентарно мнозинство и формирање редовна влада на Бугарија ги менува очекувањата на луѓето. Според Јанев, не е потребно пратениците од собраниската сала да даваат повод за нови линии на поделба во општеството, напротив, треба да бараат начини и можности за решавање на актуелните проблеми, изјави лидерот на „Бугарски подем“. нк/сд/

Остани поврзан