• петок, 17 мај 2024

Јанг Џијау го собори светскиот рекорд на 20 километри брзо одење

Јанг Џијау го собори светскиот рекорд на 20 километри брзо одење
Пекинг, 20 март 2021 (МИА) – Кинеската атлетичарка и носител на титулата светски првак од 2017 година Јанг Џијау постави денеска нов светски рекорд во брзо одење на 20 километри со време од 1:23:49. Џијау мина низ целта на трката во рамки на кинеското национално првенство во Хуангшан со време подобро за речиси една минута од рекордот што во 2015 година го постави нејзината сонародничка и актуелен светски првак Лиу Хонг ((1:24:38), Хонг, која го освои олимпиското злато на трката на 20 километри брзо одење во Рио Де Женеиро во 2016 година, мина втора низ целта во Хуангшан. Во машка конкуренција во истата дисциплина, Ванг Каиху по третпат едноподруго стана кинески првак, а неговото време (1:16:54) беше за 18 секунди послабо од шест години стариот рекорд во сопственост на Јапонецот Јусуке Сузуки (18:16:36). ег/

Остани поврзан