Јамал ќе пропушти 2-3 недели поради повреда на десниот скочен зглоб
- Фудбалерот на Барселона Ламин Јамал ќе пропушти 2-3 недели поради истегнување на десниот скочен зглоб, објавија од прес-службата на клубот.

Барселона, 11 ноември 2024 (МИА) – Фудбалерот на Барселона Ламин Јамал ќе пропушти 2-3 недели поради истегнување на десниот скочен зглоб, објавија од прес-службата на клубот.
Исто така и напаѓач Роберт Левандовски ќе биде надвор од терените 10 дена поради повреда на грбот.
Јамал оваа сезона одигра 16 натпревари за каталонскиот клуб, постигна шест гола и осум асистенции во сите натпреварувања.
Левандовски на 17 натпревари има 19 гола и две асистенции. зс/
Фото: ЕПА