• петок, 17 мај 2024

Јакимовски објави дека ги собрал потребните потписи за претседателската кандидатура

Јакимовски објави дека ги собрал потребните потписи за претседателската кандидатура

Скопје, 1 март 2024 (МИА) - Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски објави на Фејсбук дека ги собрал потребните 10.000 потписи за претседателската кандидатура.

-Потписите се собрани, битката допрва почнува. Кога не сум фаворит обично сум најсилен а првата цел е влез во вториот круг. На Република Македонија и треба храбар претседател, а не марионета. Македонија заслужува искусен политичар кој знае како да го врати значењето на функцијата Претседател на Македонија. Секој од нас заслужува подобро‼️Храбро до победа ‼️ Да живее Македонија‼️“, напиша Јакмовски на Фејсбук.

Јакимовски објави дека има 10.372 потписи. дма/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан