Јавниот долг на Србија на крајот на јули изнесуваше 38,29 милијарди евра, 43,4 проценти од БДП
Белград, 4 септември 2025 (МИА) - Јавниот долг на Србија на крајот на јули оваа година изнесувал 38,29 милијарди евра, или 43,4 проценти од бруто домашниот производ (БДП), соопшти денеска Министерството за финансии.
На крајот на јуни, јавниот долг изнесувал 38,55 милијарди евра, што е 43,7 проценти од БДП.
На крајот на 2024 година, јавниот долг на Србија изнесувал околу 38,9 милијарди евра, или 47,2 проценти од БДП. зш/