• недела, 22 декември 2024

Јавна расправа за продолжување на еко-дозволата на „КЕПС-Монт Гроуп“ во врска со Црниот рид на велешка Тополиница

Јавна расправа за продолжување на еко-дозволата на „КЕПС-Монт Гроуп“ во врска со Црниот рид на велешка Тополиница

Велес, 25 декември 2023 (МИА) - Jавна расправа со граѓаните се одржа во Велес по барањето  на српско-македонската фирма „КЕПС-Монт Гроуп“ ДОО Скопје до локалната власт за измена и обнова на Б –интегрирана еколошка дозвола за експлоатација на техногена суровина од „Црниот рид“ на велешката Топилница.

Еден од газдите на српско-македонската фирма „КЕПС Монт “ ДОО Скопје Миљан Шчекиќ, jaвната  расправа со велешани тврдеше дека во изминатите неколку години ги добиле и  ги имаат сите потребни документи од надлежните македонски државни институции и министерства како за екологија и еконoмија, за продолжување со работа на нивната фирма за екплоатација на  јаловина со метали од таканаречениот „Црниот рид“ од скоро 30 годишното  работење на Топилницата, а каде  тие како фирма  експлоатираат  од крајот на 2018 односно  oд  почетокот на 2019 година, а за што го  очекуваат и завршниот  потпис од локалната власт, односно од градоначалникот Марко Колев, кој ја издава дозволата.

Воедно појаснија и  дека ги исполнуваат сите услови освен досегашна експлоатација на локација пред „Црниот рид“, а позади велешката  Топилницата да постават постројка односно да  инсталираат  мини Фабрика за свои  дополнителни активности односно за  дробење и мелење на згурата од депонијата со тешки метали на локалитетот „Баш Колиби“. Воедно тврдеше дека ќе го почитуваат елаборатот и  дека при тој дополнителен процес  постојано ќе прскаат со вода,а со што дополнително нема да ја загадуваат животната средина на Велес и нема да го нарушуваат здравјето на неговите жители. Тој потенцира дека освен економски бенифит на фирмата   воедно  после 6-8  години ,  колку што ќе се одвива овој процес, бенифит ќе имаат и сите граѓани на Велес, со тоа  ќе го спречат  се уште постоечкото  загадување со метална прашина   од „Црниот рид “ со згура на Топилницата, а од каде со секој посилен ветер, прашина со тешки метали дува кон градот  и се таложи на сите објекти i им го загрозува здравјето на велешани.

Од  друга страна претставници на две еколошки здруженија и на советнички групи од партиите Левица и СДСМ кои беа присутни на попладневната јавна  расправата искажаа сомневање  дека  не и  веруваат на фирма, која имала можност, но не се докажала во изминатите 4 години. Односно  им ветила дека ќе го однесат овој „Црн рид“, а наместо тоа однеле само минимални  0,025  проценти  од згурата со тешки метали од „Црниот рид“, потсетува Игор Смилев од ЕГ „Грин Пауер“ и веодно предводник  на советничката груша на „Левица“ во Советот на Општина Велес.

- Тоа е истата таа фирма која дојде во 2019 година  и која сите ние  со акламација ја подржавме, а  четири години е доволен период да ја анализираме сериозноста на истата. Од тоа што го ветија дека ќе го изнесат изнесоа само 0,025 проценти, изговори стотина, но  фактите се едни. Таа е фирмата која бара лигимитет за наредните 4 години за да ја наградиме нејзината неуспешност, со уште една нова дозвола проширена  и надоградена со дополнително дробење ,мелење и сеење на згурата со тешки метали од Таканаречниот „Црн Рид“ од велешката Топилница, потенцира Смилев.

Сомневање за тоа како ќе се одвива самиот процес на оваа фирма  во наредните четиеи години искажа и поранешниот градоначалник Аце Коцевски сега во својство на граѓанин, а кој во својство на прв човек на Општина Велес, и со подршка од граѓаните и еколошките здуженија даде подршка за издавање на прва  Б-интегрирана еколошка дозвола на фирмата „Кепс Монт Гроуп“.

 -Ние како локална власт и сите граѓани пред 4 години се радувавме  и верувавме  дека преку оваа фирма за кратко ќе се ослободиме од тој „Црн рид“ полн со тешки метали. Но за жал тие тоа не го исполнија требаше првично во Малезија, а потоа на други места да извезат 1,8 милионо тони олово-цинкова згура, но тие извезоа едвај минимални количини. Се правдаа дека Владата на Малезија им ставила ембарго, потоа имало парламентарни избори. Потоа ветуваа дека ќе најдат други алтернативи за извоз на  Косово,Турција. Но ништо од тоа не се случи и затоа  јас сега како обичен граѓанин имам право да се сомневам во нивниот интегритет дека тие тоа што го зборуваат и ќе го остварат во наредните четири години, потенцира Коцевски.

Тој посочи  дека има две клучни работи. Едното прашање според него е дали системот на дробење и мелење ќе биде во таканаречена затворена постројка што ќе ја исклучи можноста од ново загадување на животната средина со прашина која ќе содржи олово-цинкови честички од тешки метали затоа што „Ружата на ветрови“ како и порано Топилницата  и сега од новата постројка ја носи сета оловна прашина дирекно во градот. Да не добиеме нова Топилница во Велес, бидејќи велешани се чувствителни по ова прашање бидејќи од Топилницата  многу пропатија и многу луѓе се разболеа од карцином и други болести. Коцевски потенцира дека второ клучно прашање е статичката и сеизмичката стабилност на самиот рид висок 28,5 метри,затоа што може истиот да се слизне од вибрациите кои ќе се случуваат при третманот на олово-цинковата згура.

Инаку уште во минатата 2022 година од „КЕПС Монт Гроуп“ барале, но не добиле потврда за статичност на Црниот рид со згура од страна на експертите од Инстутутот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија кој работи во склоп на УКИМ Скопје

Експертот проф д-р  Трајче Стафилов кој долги години ги испитува загадувањата и последиците по животната средина од велешката Топилница и од други црни еколошки точки во земјава, во изјавата за медиумите потецира дека на расправата на фирмата „Кепс Монт Гроуп“ односно раководниот тим им дал неколку сугестии поради можни ризици. Тој смета дека ако се почитуваат сите мерки на заштита наведени во елаборатот пред се од прскање со вода, нема да има дополнително загадување со прашина од новата постројка доносно мини Фабрика.

-Моите сугестии беа да се почитуваат тие предвидени активности за да не се случи да има загадување со прашина од работата на новата Постројка одосно мини фабрика. Единствено можно загадување е со прашина при работење. Во елабратот се предвидени сите мерки за да се спречи загадувањето, затоа што процесот предвидува мокра сепарација. Кога материјалот ви е помешан со вода е во мокра магнетна сепарација нема дистрибуција на прашина. Меѓутоа на оние места каде што има пренос на сув материјал предвидено е тој да се прска со вода. Мојата сугестија е таа контрола за прскање со вода да биде континуирана за да не се создаде прашина и таа да се пренесува од постројката со секој ветар кон Велес, потенцира проф д-р Стафилов.

Проф д-р Бошко Ников кој долги години работеше во велешката Топилница исто така потенцира дека фирмите треба да се придржува кон препораките.

-Опсегот на концетрации во Црниот рид на Топилница кој е една од  10-те жешки еко точки во земјава, се од 4 до 12 проценти цинк и од  0,4 до некаде 4 проценти на олово. Поголем дел е инертна маса, но постојат и партии кои имаа проценти со тешки метали над дозволеното. Затоа од фирмата треба да водат сметка и процесот треба постојано да се држи под вода за да се спречат емисиите со тешки метали во вид на прашина при дробење, мелење и сеење. Треба  да се прскаат со вода и да се чистат патиштата по кои ќе се движат камионите. Треба да се има и кумулативниот ефект бидејќи на неколку стотина метри од оваа локација се наоѓа и каменоломот на МИ-СА, чии возила исто така се движат по тој пат и придонесуваат да се подига прашина ,порачува проф Ников.

Игор Смилев од советничката група на „Левица“ му забележаа на градоначалникот Марко Колев, кој треба да го даде потписот за издавање на нова Б-интегрирана еколошка дозвола на „Кепс Монт Гроуп“ дека не беше присутен на јавната расправа со граѓаните за да ги слушни нивните ставови и мислења.

Воедно од пратеничката група на СДСМ кои беа присутни на расправата најавија дека на следната седница на Советот на Општина Велес ќе побараат по оваа прашање за или против издавање на  Б интегрирана еколошка дозвола за „Кепс Монт Гроуп, на референдум да се изјаснат сите полнолетни граѓани на Велес.ад/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан