• петок, 22 ноември 2024

Јавна расправа за Нацрт-законот за води

Јавна расправа за Нацрт-законот за води
Скопје, 2 март 2022 (МИА) - Јавна расправа за Нацрт-законот за водите е закажана за денеска во 15 часот во Клубот на пратениците во Скопје, а на која заинтересираните ќе можат да се вклучат и преку платформата ZOOM. Законот за изменување и дополнување на Законот за водите е достапен за коментари и забелешки од 14 февруари до 15 март годинава, а заради поголема вклученост на јавноста и поголем степен на транспарентност, јавната расправа е организирана со поддршка на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“, што ја спроведува Институтот за комуникациски студии. Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) пристапи кон измени и дополнувања на Законот за водите заради полесно и поефикасно спроведување на одредбите во законот, дополнување на постапките за издавање на дозволите за користење на водно право, промена на постапката за заштита и подобрување на режимот на водите со вадење на песок, чакал и камен од коритата и бреговите на површинските водни тела и обезбедување на поголема транспарентност на постапката за доделување на концесии за користење на вода. Предложените измени и дополнувања на Законот за водите имаат за цел да обезбедат заштита, зачувување и подобрување на водните ресурси преку рационално и одржливо користење на водите, кое ќе се обезбеди со јасно дефинирани постапки за користење на водите, испуштање во водите и заштита на режимот на водите. вј/лв/

Остани поврзан