• петок, 05 декември 2025

Јавна дискусија: Градски решенија засновани врз природата – пат до одржлива иднина

Јавна дискусија: Градски решенија засновани врз природата – пат до одржлива иднина

Скопје, 29 септември 2025 (МИА) - Јавна презентација и дискусија „Градски решенија засновани врз природата - пат до одржлива иднина“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС).

Според организаторите, на настанот ќе се презентираат сите анализи и резултати, добиени од истражувањата на ИКС кои даваат одговор на тоа како на правилен и одржливи начин може да се градат одржливи градови и заедници преку искористување на градски решенија засновани врз природата кои одговараат на локалниот социјален и климатски контекст.

-Градовите низ Европа, а особено градовите низ Западен Балкан се соочени со поголеми притисоци: топли лета и топлотни бранови, поплави, лош квалитет на амбиентален воздух како и сè поголемата потреба за нови простори за живеалишта. Сето ова ги прави градовите многу непријатни места за живеење, каде граѓаните секојдневно се соочуват со различни ризици кои влијаат на нивното здравје и живот, стои во соопштението на ИКС.

Оттаму додаваат дека решенијата засновани врз природата претставуваат иновативни, ефикасни и одржливи начини, преку кои градовите може да се справат или барем да ублажат дел од опасностите - преку употреба на природата како главен водич во градењето на одржливи заедници.

На јавната дискусија присутните ќе можат да ги изнесат своите ставови и гледишта кон тоа во кој правец треба да се развиваат големите урбани заедници во Македонија, како и да постават прашања кои би помогнале во создавање на одржливи заедници непосредно пред локалните избори во државата.

Настанот се организира во рамките на проектот „Градски пристап кон забрзување на решенија засновани на природата преку Регенеративен урбан светилник на ЕУ (UPSURGE)“, кој е поддржан од Европската Унија. нд/вг/

Фото: Плакат

 

Остани поврзан