• понеделник, 23 декември 2024

Ѓунеш веќе не е селектор на Турција

Ѓунеш веќе не е селектор на Турција
Истанбул, 10 септември 2021 (МИА) - Фудбалската федерација на Турција и селекторот на националниот тим Шенол Ѓунеш договорија денеска заемен прекин на соработката. До раскин на договорот дојде откако турската репрезентација загуби во вторникот во мундијалските квалификации со високи 6-1 на гостувањето против Холандија во Амстердам. За Турција тоа беше прв пораз во квалификациската група Г, на кој му претходеше и киксот на домашен терен против Црна Гора, кога Турците освоија само бод по водството од 2-0. - По разговорот со главниот тренер на националниот тим Шенол Ѓунеш, одлучено е спогодбено да се разделиме, стои во официјалното соопштение на Турската фудбалска федерација. Гунеш седна на селекторската клупа во март 2019 година, а, засега, се уште нема официјални најави кој би можел да го наследи на должноста. ег/паг/

Остани поврзан