Ѓулер пред преселба во Бундеслигата
- Арда Ѓулер, донесен минатото лето за 20 милиони евра, важеше за наследник на Модриќ и идниот плејмејкер на Реал Мадрид

Мадрид, 9 март 2025 (МИА) - Арда Ѓулер, донесен минатото лето за 20 милиони евра, важеше за наследник на Модриќ и идниот плејмејкер на Реал Мадрид.
Сепак, талентираниот 19-годишен Турчин ретко добива шанса поради силната конкуренција, како што објасни тренерот Анчелоти.
Иако се очекуваше Модриќ да го напушти клубот, сепак хрватскиот капитен има значајна улога, што дополнително ја комплицира ситуацијата на Ѓулер. Неговата иднина во Мадрид е неизвесна, а според „Скај Спортс“, Ајнтрахт сака да го доведе на едногодишна позајмица со опција за откуп.
Оваа сезона има три гола и пет асистенции на 29 настапи, а „Трансфермаркт“ го цени на 45 милиони евра.
Неговиот договор со Реал Мадрид е до 2029 година. дс
Фото: Архива